Реакција од МО и од Генералштабот на Армијата во врска со започнувањето на пожарот во околината на село Пепелиште

Од:

Би сакале да ги демантираме изнесените информации, односно непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште.

Имено, припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот.

Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП „Криволак“ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата.

Питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух, велат од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче