Реакција од македонското Собрание на настапот на пратеникот Игор Ивановски во ПССЕ

Од:

„Реагираме во врска изнесените невистини и дисквалификации во врска со настаните кои претходеа и се случија на 24 декември 2012 година во Советот на Европа од страна на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ во бојкот, г.Игор Ивановски. Истовремено жалиме што се повторуваат ситуации кога се прави обид да се девалвира капацитетот на сопствена татковина да се справува со предизвиците, а борбата за власт станува главен мотив при нашето претставувањето пред најстарата европска и други организации.

– И во оваа прилика должни сме да потсетиме и известиме дека на координацијата одржана непосредно пред седницата на 24 декември, претседателот на Собранието меѓу другото, ги информираше присутните, меѓу кои и потпретседателот Ј. Макрадули и координаторот на НСДП и ЛП Г. Мисовски, дека поради настанатата специфична ситуација, спиењето на пратениците во фоајето пред Сала 1 и највените тензии, сите пратеници картичките ќе може да ги подигнат од канцеларијата на генералниот секретар на Собранието, како што било направено и во неколку други ситуации претходно!

– Како што е општо познато фоајето пред Сала 1 на 24 декември 2012 година беше целосно блокирано од пратениците од опозицијата, кои на пратениците од мнозинството не им дозволуваа да влезат со пленарната Сала 1 (фотографии 5, 6 и 7 во прилог). Фоајето беше преполно со пратеници во тензична атмосфера, со новинари, фоторепортери и сниматели, при што инвентарот беше избуткан. Во такви хаотични услови и мешаница целосно се потврди проценката на претседателот на Собранието дека нема основни услови за спроведување на редовна практика за подигање на електронски картички и постоење опасност истите да бидат оштетени или изгубени. Доколку не беше направена оваа проценка и електронските картички се оштетија или се изгубија, претседателот на Собранието ќе беше обвинет зошто не презел мерки или за нешто уште полошо.

Во поглед на постојаните обвинувања дека имало некакво сценарио, односно т.н. целосна контрадикција од кованица: жпартиско-полициски пучж, времето постепено ја разоткрива секоја лага, па и оваа и се повеќе е јасно дека на 24 декември 2012 година Парламентот беше злоупотребен за партиска пресметка поврзана со нереализирани партиски ветувања и фрустрации во пресрет на локалните избори во 2013 година. Се направи обид блокирањето на буџетот да се искористи како изговор за други пресметки и партиски цели. И во оваа прилика должни сме да потсетиме дека од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија беа вложени сите напори како заеднички и конструктивно да се донесе Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

– Но, како што е познато, и покрај четирите предлога како да се одблокира носењето на Буџетот, прифатените амандмани (најмногу по број во целата досегашна парламентарна пракса), и на крајот, прифаќањето на упаднатиот, неделовнички т.н. план за штедење, преку изготвување заеднички амандман, намерата на опозицијата остана од почетокот до крајот една иста: по секоја цена да се блокира носењето на Буџетот и да се создаде блокада на парламентот како институција во целина. Во оваа прилика сакаме да посочиме на искажаните најави и закани на последната координативна средба одржана на 24 декември 2012 година кои јасно покажуваат кој со каква намера тој ден влезе во пленарната сала на Собранието на Република Македонија.

– Во смисла на сето погоре изнесено, во прилог, доставуваме електронска копија од записникот од одржаната редовна координативна средба на 24 декември 2012 година и од евидентната листа за присуство на координацијата“, се вели во реакцијата на македонското Собрание на настапот на пратеникот Игор Ивановски во ПССЕ.

Би можело да ве интересира

До недела на полноќ треба да биде избрана новата влада, Мицкоски ги очекува предлозите за министри од коалициските партнери

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Горан Наумовски

Милошоски, Митревски и Бендевска кандидати за потпретседатели на Собранието

Горан Наумовски

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа

Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет

Предраг Петровиќ

Предлог законот за реорганизација на министерствата ќе оди по скратена постапка, веќе денеска пред матичната комисија

Катерина Ѓуровски