Реакција од Град Скопје на тврдењата на Жерновски за изградба на улица на кејот

Од:

Град Скопје во реакција на тврдењата за изградба на улица на кеј „13 Ноември“ во Општина Центар изнесени од градоначалникот Андреј Жерновски наведува дека ќе се гради пристапна, а не транспортна улица.

Пристапната улица што ќе се гради на кеј „13 Ноември“, посочува Град Скопје, е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ќе ја гради приватен инвеститор. Значи, Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради, се вели во раекцијата.

Според Град Скопје, станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и ќе биде уредена од плочки, а не од асфалт или слично на улицата „Никола Вапцаров“.

– За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор, наведува Град Скопје во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче