Град Скопје: Дрвјата во Парк на новинари претставувале опасност по безбедноста

Од:

Од Град Скопје потврдуваат дека биле отстранети дрвја од Паркот на новинарите, станува збор за три тополи кои претставувале опасност за безбедноста, додаваат од Градот. При невремето изминативе денови од дрвјата се откршиле гранки кои паднале врз автомобилите на паркингот во непосредна близина и нанеле материјална штета.

„По поројните дождови, на повеќе локации во Скопје се скршија поголем број гранки од дрвјата коишто предизвикаа голема материјална штета – оштетени беа поголем број моторни возила и објекти. Точно во Паркот на новинарите, дрво падна врз повеќе возила, при што беа оштетени два автомобила марка опел корса и мазда. Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, по извршениот увид на МВР и изготвениот записник за сторената штета, пристапија кон расчистување на искршените гранки и стебла, при што беа исечени 3 тополи на паркингот до Паркот на новинарите“, велат од таму.

Osteteni vozila (3)

Од Градот додаваат дека јавното претпријатие ќе продолжи со отстранување на тополите како дел од акцијата која се изведува врз основа на Одлука-Програма за работа на ЈП „Паркови и зеленило“ за 2015 година. Бројот на тополите во Скопје, велат од таму, е многу голем и ќе биде потребно време тие да се исечат и да се заменат со садници кои не се штетни по здравјето на луѓето, имаат позитивни еколошки карактеристики и кои не претставуваат опасност по безбедноста на минувачите и материјалните добра на граѓаните.

„Барања за сечење тополи секојдневно пристигнуваат до јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и тоа од сите скопски општини, вклучувајки ја и Општината Центар, како Општина на чие подрачје има поголем број садници од овој вид“, посочуваат градските власти.

Osteteni vozila (4)

Освен во Паркот на новинари, од Градот информираат дека изминатиов период екипите на „Паркови и зеленило“ реагирале и во Старата скопска чаршија, на булеварот 8.Септември, кај Тутунска Банка и на уште неколку локации каде што имало паднати гранки и оштетени дрвја.

Додаваат дека од таму дека „Градот Скопје ќе продолжи интензивно да работи на зазеленување на јавните површини и на засадување нови дрвја како една од приоритетните заложби за чиста и здрава средина.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето