А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција од ЕЛЕМ на пресот на СДСМ

by А1он21/10/2012 - 19:0524/11/2016 - 20:02192
Share0

АД Електрани на Македонија, согласно својата деловна политика, континуирано инвестира во нови енергетски проекти, модернизација и ревитализација на постојните капацитети, како и во подготвителни активности за изградба на нови капацитети, се вели во реакцијата од ЕЛЕМ, по повод денешната прес-конференција на СДСМ.

Добивај вести на вибер

– Само во РЕК „Битола“, најголемиот енергетски капацитет во државата, последните неколку години било инвестирано во повеќе капитални проекти, а вредноста на вложените средства е најголема од изградбата на Комбинатот во 1975 година, велат од ЕЛЕМ.

– Извршена е модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока на термоелектраната, почната е модернизација на котлите во термоелектраната, отворени се два нови рудника, ПК Брод – Гнеотино и Подинската јагленова серија на ПК Суводол, засилени се производните капацитети со нова рударска опрема, роторни багери, багери дреглајни, одлагачи, а годинава заврши и монтажата на Главниот транспортен систем за јаглен од ПК Брод – Гнеотино до ПК Суводол во должина од 10 километри.

– Реализацијата на овие крупни инвестициски зафати неминовно доведе и до зголемување на обемот на работа во Комбинатот и потреба од отворање нови работни места. Со оглед на тоа што РЕК „Битола“ длабоко навлезе во четвртата деценија од постоењето, се наметна и потребата од промена на старосната структура на вработените, освежување на Комбинатот со ангажирање млад стручен кадар и замена на оние преку 500 работници на кои само во последните неколку години, по различни основи им престанал работниот однос – се вели во реакцијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен