Реакција на Петрова на прес-конференција на заменик министерот за здравство Маја Манолева

Од:

По барање на министерот за финансии Фатмир Бесими, Државната изборна комисија на ден 9.2.2024 година донесе одлука (која ја добивме денес 12.2.2024 година) со која утврди дека предметите и актите кои биле доставени до мене како Дополнителен заменик министер за финансии, а се однесуваат на унапредувања и вработувања, не претставуваат акти или документи кои се однесуваaт на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите, од член 46 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија, вели дополнителната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петрова.

– Оваа одлука е конечна. Јас како дополнителен заменик министер за финансии не се согласувам со Одлуката и истата ќе ја оспориме пред надлежниот суд. Одлуката не е донесена едногласно односно е донесена со мнозинство од страна на членовите на Државната изборна комисија, а во прилог на образложението е доставено издвоено мислење од Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски и членот Бобан Стојаноски за несогласување со донесената одлука. Донесената одлука ќе ја почитувам и на понатамошна исклучива надлежност и потпишување ќе ги доставам сите акти и документи кои се однесуваат на следното. Согласности за вработувања на неопределено време, определено време и по договори на дело за повеќе институции.

Согласности за унапредувања за повеќе институции. Согласности за преземање на работници од повеќе институции. Измена или склучување на нови колективни договори со кои се одлучува за права од работен однос од повеќе институции. Сакам да потенцирам дека од увидот во документите заклучив дека определен дел од истите се доставени до министерот за финансии во месеците декември и јануари односно многу порано пред формирањето на преодната влада и истиот доколку сакал имал доволен период да ги реши овие прашања.

Сметам дека е непринципиелен и нефер овој однос кон овие институции односно лица да не им се издаваат бараните согласности во периодот пред формирањето на преодната влада, кога министерот имал реална можност да го направи истото. Доколку имал искрена намера до сега ќе им бил решен статусот, меѓутоа очигледно е дека не постоела волја туку само обид за затскривање и барање алиби со тактизирање и чекање на стапување на функција на дополнителниот заменик министер за финансии. Истото се однесува и со склучување на нови колективни договори или давањето на согласности за анекси на колективни договори со кои се регулираат правата од работен однос на вработените од јавниот сектор. Јас како дополнителен заменик министер не сум била пречка за остварување на правата на овие лица туку напротив барав да го усогласиме нашето постапување согласно законските одредби кои се применуваат во овој предизборен период. За истото побарав мислење и од надлежната Државна комисија за спречување на корупција но сеуште немам добиено никако одговор. Воедно истакнувам дека се оградувам од секаква одговорност при преземањето на било какви дејствија од страна на министерот за финансии во однос на наведените предмети – тврди Петрова.

Би можело да ве интересира

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Петрова: Постапката за денационализација е загрозена поради нерешавање на предмети години наназад

Петрова: Владата се задолжи за 840 отсто во однос на истиот период лани

Горан Наумовски

Елена Петрова стапи на функцијата дополнителен заменик-министер за финансии

Петрова: Власта на СДС и ДУИ досега потроши 27,8 милијарди евра и ништо не направи