Реакција на Општина Охрид на пресот на СДСМ

Од:

СДСМ Охрид и денес продолжи да и здодева на јавноста со прес конференција на тема која е елаборирана до сега безброј пати и за која е се кажано, објаснато и прецизно појаснато зошто се презедоа чекори за дисперзија на дел од админситрацијата на Локалната самоуправа во руралните средини, велат од општината Охрид.

Знаеме дека од СДСМ Охрид мора да ја одработат агендата која им е наметната од Скопје и според која мора да се активни и да ја напаѓаат власта во градот, но во ситуација кога локаланта власт работи по закон, транспарентно,одговорно и отчетно пред граѓаните, оваа партија нема што да критикува, па бара проблеми онаму каде ги нема, додаваат оттаму.

Јасно е дека во недостиг на конкретни идеи кои би ги понудиле пред граѓаните, и во недостиг на визија за иднината , не се во состојба јавно да ги поддржат политиките на градоначалникот Никола Бакрачески и мора на здодевен, едноличен и репринтиран начин постојано да одржуваат прес конференции на исти теми и да критикуваат за вработени луѓе, кои примаат редовно плата и нив да ги прикажуваат како некакви жртви за кои наводно оваа партија се грижи.

Господата од СДСМ сигурно ги прочитале изјавите на дел од вработените во Косел, со кои тие побараа оваа партија да не ” кука ” над нив, па крајно време е да ги послушаат и да прекинат да ги злоупотребуваат вработените во општинската админситрација во дневно политички цели, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност