Пожарникарите реагираат откако сопственици на опожарено возило нападнаа нивни колеги

Од:

„Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија – НСПМ упатува реакција до јавноста по немилите настани што се случија во средата, на 12.08.2015 година, кога при гасење опожарено патничко возило наши колеги – пожарникари беа физички нападнати од граѓани чии што возила беа опожарени.

По овој немил настан, Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија сака да нагласи дека пожарникарите беа излезени на терен со една и единствена задача – да ги изгасат опожарените возила и да спречат пожарот да се прошири на околните возила и објекти.

НСПМ апелира до граѓаните да им овозможат на припадниците на противпожарните единици непречено да ја извршуваат својата службена должност и да ги заштитат животите и имотите на граѓаните. Сакаме да нагласиме дека припадниците на противпожарните единици најсовесно, најпрофесионално и по цена на сопствениот живот секогаш и секаде имаат само една цел – да се отстрани непосредната присутна опасност по животот и здравјето на луѓето и материјалните средства и да се спречат штети од поголеми размери. Во остварувањето на таа цел голем број наши колеги досега несебично го дале својот живот или трајно го нарушиле своето здравје.

НСПМ очекува и дека Обвинителството ќе покрене соодветна постапка во согласност со овластувањата, а врз основа на пријава на Министерството за внатрешни работи заради напад врз службено лице при вршење на службената должност, како и спречување на службено лице во вршење на службената должност. Нашата цел е да се овозможи противпожарните единици безбедно да ја извршуваат својата работа, а со тоа да ги заштитат граѓаните и нивните имоти од опасност“, се вели во реакцијата на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски