Реакција на НДМ за отфрлените кандидатски листи од ДИК

Од:

Народно движење за Македонија денеска реагира на одлуката на ДИК да ги отфри нивните кандидатски листи во сите изборни единици. Според НДМ, ДИК одлучувал според логиката на политиката, а не според логиката на правото.

– Прво, не е точно дека има несовпаѓање на потписи на кандидатите. Второ, не е точно дека постои лице кое не евидентирано во Избирачкиот список. Трето, не е точно дека листите содржат поголем број на кандидати од законски утврдениот број. Четврто, не е точно дека на листите има кандидат М.Ф. со недоставено уверение за неосудуваност. Петто, не е точно дека кандидат за пратеник може да менува содржина на Уверение за неосудуваност како што бара ДИК, туку судски документи може да корегира само судот. Шесто, не е точно дека доказ за неосудуваност е доставен надвор од рокот, стои во пишаната реакцијата на НДМ.

Оваа пратија тврди и дека известувањата на ДИК до НДМ за отстранување на неправилностите биле пратени, како што наведува, до за нив непознатата Т.П. како наводен подносител на листите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа