Реакција на Наставнички пленум на соопштението на потесното раководство на СОНК

Од:

„Дали е изненадување ваквата изјава на раководството на СОНК? Дали после првото обвинување дека Наставнички пленум е инструиран политички, сега е чудна една ваква изјава од првиот човек на СОНК? Дали ова е најава на претседателот на СОНК, раководството на СОНК или членството на СОНК? Не за друго, заради тоа што најголем дел членови на НП се истовремено членови на СОНК. Дали претседателот на СОНК ќе ги тужи своите членови меѓу кои има и претседатели на училишни синдикални организации?! Оние кои не ги праша пред почетокот, прекинот на штрајкот и потпишувањето на спогодбата“, се вели во соопштението на Наставнички пленум.

„Ваквиот атак значи само психолошки притисок и мобинг врз своето членство. За какви незаконски дејствија зборува претседателот на СОНК? Дали зборува за чл.15 од Статутот на СОНК, во кој членството, меѓу другото има право да:

  • добива информации за синдикални активности
  • доставува до синдикалните органи барања, мислења, предлози, критички забелешки и жалби сврзани за поважни синдикални проблеми и да бара одговор и активност за нивно решавање…

 

Инаку да потсетиме дека СОНК не е претсадателот, туку СОНК сме сите ние наставниците, кои секој месец издвојуваме по 1% од нашите примања за тој да ги штити нашите права и интереси. Но, дали тоа е така? Дали тие навистина ги штитат нашите интереси? Се прашува ли првиот синдикалец зошто неговите членови протестираа пред МОН кога ги предадоа анализата и барањето за подготвување на нови Закони за основно и средно образование.

Очигледно некој таму во СОНК кој преговарал не ја прочитал црната книга на македонското образование, содржана во анализата изготвена од наставници – практичари.

Настапите во јавните медиумие на членството на СОНК и НП беа начин да се изрази револтот и игнорантскиот однос, пред сé од страна на МОН, но и револт заради неставање на аргументите пред надлежните од страна на претседателот на СОНК.

Има ли потреба од понатамошен коментар? Јавноста нека процени“, пишува во соопштениео на Наставнички пленум.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати