Реакција на народниот правобранител за проблемот на граѓаните кои поради истечените лични карти не можат да си подигнат пари од банка

Од:

Народниот правобранител по информациите изнесени во јавноста, како и по јавувања од граѓани кои заради неможноста навремено да си ги обноват личните документи, особено личните карти (поради немање соодветен термин за вадење на документите кои во меѓувреме им истекле) се соочуваат со проблеми, па не можат да си подигнат пари од банка (пензии, плати и други личните примања ), и да си ги платат сметките, бара Владата под итно, заедно со деловните банки да најде времено решение со кое ќе им излезе во пресрет на овие граѓани.

– Недозволиво е слабостите во системот за издавање на лични документи во Министерството за внатрешни работи , за што Народниот правобранител еднаш веќе реагираше, да се прекршуваат врз грбот на граѓаните и неправдано да им создаваат дополнителни проблеми, посебно што во принцип станува збор за категорија на граѓани кои спаѓаат во групата на постари лица кои не ги користат дигиталните, туку оние традиционалните банкарски услуги, односно пензиите и платите, ги подигнуваат непосредно од шалтерите на банките, се вели во соопштението на народниот правобранител.

Конкретно овие граѓани, додаваат, не по нивна вина се ставени во незавидна позиција, од една страна, да останат без основни средства за живот, а од друга страна, заради неможноста да си ги подмират долговите кон јавните претпријатија и другите даватели на услуги (струја, вода телефон) да стравуваат дека истите ќе им бидат ускратени .

Покрај ова, Народниот правобранител, потсетува дека оваа есен претстои одржување на пописот како и на локалните избори- операции за чие спроведување на граѓаните им требаат важечки лични документи, па апелира надлежните институции да изнајдат начин за надминување на овој проблем.

– Народниот правобранител во повеќе наврати има потенцирано дека за доследно почитување на со уставот и законите загарантираните права, потребни се силни институции со голем капаците, а сегашната ситуација со обновата на личните документи, не оди во овој правец, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он