Реакција на МНР на писмото на Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ

Од:

Реакција на МНР како одговор на писмото на Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ до министерот Никола Попоски.

Во однос на издаденото соопштение од г-ѓа Дуња Мијатовиќ Министерството за надворешни работи изразува жалење доколку биде констатирано дека австриска новинарка на ОРФ доживеала не соодветен третман на македонско-грачката граница.
Сепак, според официјални сознанија од надлежните институции, лице под име Корнелија Кребс, не фигурира никаде во барањата за одобрение за смимање на територијата на Република Македонија.

Одобренијата за снимање ги издава Министерството за надворешни работи, уште повеќе граничните премини подлежат на специјални одобренија кои МНР во координација со МВР ги одобрува во редовна постапка.

Овој наведен случај од г-ѓа Дуња Мијатовиќ би можел да наведува на прекршување на законски обврски на граничен премин уште повеќе без соодветна дозвола од надлежните институции во Република Македонија.

Во однос на второ-наведен случај на напад на г-дин Маријан Стаменковски, укажуваме на принципелна осуда на било каква форма на насилство, во надеж на промптно расчистување на двата наведени случаи.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски