Реакција на Министерството за правда за штрајкот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги

Од:

Министерството за правда е запознато со барањата на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги. Остварена е средба на 19 април 2022 година во просториите на министерството. На состанокот беше заклучено дека не е возможно да се потпише предложениот Колективен договор од следните причини:

• Одредбите во предложениот текст на Колективниот договор излегуваат од рамките на Законот за административни службеници.Барањето за зголемување на бодувањето на вработените според квалификации за 60 бода за секое ниво, како и предвидување на четири секретари во Управата е спротивно на Законот за административни службеници. Заради тоа, текстот на договорот треба комплетно да се преработи.

• Во текстот на Колективниот договор се предвидени додатоци на плата, а основната плата на вработен во УВМК заради „посебни услови за работа“ се зголемува за 30 со што ќе се зголемат средствата предвидени во буџетот на УВМК. Таков договор, кој предвидува излегување од износот на предвидени средства е незаконски и за тоа се предвидени санкции согласно Закон за Буџети на РСМ .

Ве информираме дека во текот на вчерашниот ден Министерот за правда Никола Тупанчески имаше работна средба со директорот на УВМК Блерим Абази на која беше договорено да се подобри комуникацијата меѓу синдикатот и раководството на УВМК како и да се разгледа можноста за интерни унапредувања и дополнителната мотивација на вработените а се со цел, подобрување на услугите на граѓаните за добивање документи.

Би можело да ве интересира

Министерството за правда до Владата испрати предлог за разрешување на Коцевски

Катерина Ѓуровски

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

А1он

Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените