Реакција на Министерството за култура на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

Министерството за култура жали што и денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски уште еднаш на дело ја демонстрираше решеноста на СДСМ да не поздрави ниту една мерка или активност во интерес на македонските уметници, кои со децении беа оставени на маргините на општественото живеење во нашата земја. СДСМ продолжува со својата празна реторика и со потценувачкиот однос кон македонските уметници кои очигледно го користи само за собирање на ситни политички поени.

Ве прашуваме г. Алаѓозовски, дали знаете што зборувате? Дали треба да ве потсетиме дека во времето на СДСМ не беше реализирано ниту едно вработување во македонските театри, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија или во другите институции од областа на културата? Во времето на СДСМ македонските уметници се ангажираа само со Договор на дело, нивниот статус беше нерегулиран, а да не зборуваме за валоризацијата на нивниот труд, со најниски примања и без ниту една стимулативна мерка. Наспроти ова, политиката на Владата на РМ и Министерството за култура во овој период е насочена исклучиво кон унапредување на статусот на уметниците. Од 2006 година до денеска се реализирани повеќе од 600 вработувања на уметнички кадар, а месечните примања се зголемени за 60 проценти. Ќе потсетиме дека ги воведовме националните пензии како и титулата национален уметник со кој се вреднува придонесот на македонските уметници во развојот на нашата култура.

Во периодот кога вашата партија, господине Алаѓозовски, имаше можност да направи нешто за македонските уметници, не се реализираше ниту една мерка. Затоа и сега немате капацитет да препознаете што е полезно за македонските уметници, за кои очигледно немате никаков респект.

Информираме дека вработувањето во театрите и во другите институции од областа на културата во Република Македонија, се одвива на крајно транспарентен начин и во постапка која е утврдена со законските регулативи во нашата земја. Во таа насока доколку Алѓозовски или СДСМ имаат индиции или сознанија во однос на спроведувањето на целата постапка за вработување, ги упатуваме тоа веднаш да го пријават до надлежните установи.

Министерството за култура и во иднина ќе реализира проекти и ќе презема мерки во се во интерес на македонските уметници, бидејќи тие, се иднината на нашите институции и на нашата култура.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски