Почитуван мандатар
Среќата за да бидете премиер уште од 2020 ви беше меѓу Зајас и Мала Речица, понекогаш и седиштето Ви беше таму, односно како замрзнат имот пред суд. Можеби и бевте во право, но тогаш судбината, според Вашите луѓе, висеше во тие координации, реагира министерот за правда Кренар Лога.
Почитуван г. Мицкоски,
Јас сум одговорен за Министерството за правда од 01.03.2023 и мојата одговорност е ограничена поради фактот што сите тие кадри со кои Вие спинувате, се вработени како дел од Вашето владеење од 2006-2017, некои од тефтерчето на Горде, некои од „сваровски“ судството кои Вие повеќе од една деценија си го изградивте. И за крај, судскиот систем уште не може да стане на нозе поради фактот на човекот на кој Вие му бевте генерален секретар, односно човекот кој Ве избра за да бидете претседател на ВМРО-ДПМНЕ. И милијардата евра од него ќе ви дојде, и првата официјална посета ќе биде од страна на неговиот чувар.
Министер за правда
Кренар Лога