• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Реакција на матичните лекари од југоистокот за закажувањето за вакцинирање против сезонски грип

by А1он12/11/2020 - 15:38383
Share0

Вакцинирањето против сезонски грип денеска почна во општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, каде што од повеќе од 24 матични лекари се направени списоци на преку 2500 пациенти за пријавување преку МојТермин.

Добивај вести на вибер

Со обраќање до пациентите денеска се јави координаторката на матичните лекари од овие општини, д.р Христина Прошева, која им пренесе и ги замоли да не вршат притисок врз матичните лекари затоа што никогаш досега не им бил посочен точниот број на термини, а синоќа за денеска биле креирани само 28 термини од овие општини за пациенти кои можат бесплатно да се вакцинираат.

– Само 28 граѓани за вакцинација против сезонски грип од долгите списоци на 24 матични лекари е математика што ја оставам за попаметните. Со ова соопштение сакаме само да ви ја објасниме ситуацијата и искрено да ве замолиме за разбирање дека ние, матичните лекари, не успеавме на сите да ви закажеме термин за вакцинација против сезонски грип, изјави д-р Прошева.

Покрај ова, таа нагласи дека немаат никаква информација од надлежните со оглед и на ситуацијата со Ковид-19, што и како ќе се случува понатаму.

sezonski gripvakcini

Би можело да ве интересира

Нема продолжување на зимскиот распуст поради грипот

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 13:4615/01/2026 - 14:05

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 14:39

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Катерина Ѓуровски29/04/2025 - 14:36

Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

Катерина Ѓуровски06/03/2025 - 14:24

Висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица

Катерина Ѓуровски13/02/2025 - 14:46

Се зголемува бројот на заболени од грип

Горан Наумовски16/01/2025 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен