Реакција на Македонски ПЕН Центар за слобода на медиумите

Од:

Со оглед на драматичниот пад на Република Македонија во неодамнешниот извештај на Фридом Хаус, Македонскиот ПЕН центар ја искажува својата длабока загриженост за големото назадување на нашата земја. И покрај сите наши претходни апели и алармирања во јавноста, Република Македонија доживеа драстичен пад од групата „делумно слободни“, во групата на земји кои „не се слободни“.

Покрај многубројните засновани забелешки во Извештајот на Фридом Хаус, особено загрижувачки се и неодамнешните масовни отпуштања на новинарите во Телевизијата Телма, со што уште повеќе се намалува просторот за критичка опсервација на актуелните општествени и политички прашања.

Сметаме дека враќањето на слободата на медиумите и слободата на говорот се едни од клучните приоритети и претпоставки за успешно разрешување на длабоката политичка криза во Република Македонија. За враќањето на меѓународната репутација на Република Македонија во овој витален домен за демократијата, неопходно е целосно да се расчистат скандалот со масовното противзаконско прислушкување на новинарите, сомневањата за притисоци и закани врз медиумските работници, како и расчистување на сите скандали поврзани со корупција на медиумите.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ