Реакција на коалицијата „Вреди“: Освен вревата што ја направи ДУИ дека доаѓа албанскиот премиер, на хоризонтот не се гледа позитивна промена

Од:

Шетајќи по албанските универзитети и давајќи помпезни изјави со фотографии од Фејсбук, Талат Џафери ги зголемува платите само за универзитетот каде што има помалку од еден отсто Албанци, односно „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа за ни помалку ни повеќе од 22 отсто, за месеците јануари и февруари, и близу 40 отсто по зголемувањето на минималната плата во март, се вели во соопштение од коалицијата „Вреди“.

-За да иронијата биде уште поголема, министерот за образование и наука е Албанец, а воедно и министерот за финансии, а во меѓувреме, освен вревата што ја направи ДУИ дека доаѓа албанскиот премиер, на хоризонтот не се гледа позитивна промена.

Според соопштението на Министерството за образование и наука, „ова е почеток на исполнувањето на обврската на државата која произлегува од индивидуалниот колективен договор на оваа високообразовна институција потпишан на 29.12.2022 година, а кој ќе започне да се спроведува од 1.1.2024 година”, и токму тука се крие вистината дека Талат Џафери како претседател на собранието како основач на државните универзитети има потпишано договор само со УКИМ, а не со останатите 5 државни универзитети, а и како премиер „го игра исто оро“, зборови за Албанците а повисоки плати за Македонците.

Инаку, 5-те јавни универзитети Мајка Тереза, УТ, Штипскиот, Битолскиот и Охридскиот универзитет доставиле барање до новиот претседател на Собранието да ја исправи неправдата на Џафери и зголемувањето да важи и за 1300 вработени во овие универзитети, заедно со 3000 од УКИМ, велат од коалицијата „Вреди“.

Би можело да ве интересира

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Според ВРЕДИ законското усогласување на минималната плата во март е „нова економска ера“

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами