Реакција на Град Скопје на соопштението на СДСМ

Од:

Градот Скопје, како единица на локална самоуправа, е лидер во промоцијата и спроведувањето на енергетската ефикасност во Македонија.

Градот Скопје изминативе неколку години спроведе голем број на проекти и активности во насока на спроведување на енергетската ефикасност, каде како најважни се:

– Потпишана Повелбата на Градоначалници во Европскиот Парламент, во Брисел (2010 година). Потпишувањето на Повелбата на градоначалниците е прва и најамбициозна иницијатива на Европската комисија со директно таргетирање на локалните власти и нивните граѓани, да ја преземат водечката улога во борбата против глобалното затоплување.

– Потпишан Меморандум за соработка помеѓу „Мрежата на енергетски ефикасни главни градови во југо-источна Европа, меѓу коишто се: Загреб, Скопје, Сараево, Подгорица, Тирана и Фрајбург (како град модел) и Германската развојна програма. Целта на овој Меморандум е дефинирање на идните активности и соработката помеѓу партнерите во Мрежата на енергетски ефикасни главни градови во Југоисточна Европа.

– Донесена тригодишна програма за енергетска ефикасност на објектите кои се под ингеренции на Град Скопје,

– Промена на над 95% на уличните светилки на улиците кои се под ингеренција на Град Скопје со натриумови светилки (енергетски ефикасни),

– Економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулација),

– Гасификација на две средни училишта, направени проекти за гасификација за уште две средни училишта и моментално е во тек почеток на изведба на системите,

– Извршена е промена на ПВЦ прозорци во речиси сите средни училишта на Град Скопје,

– Направена е целосна реконструкција на фасадата (изолација со стиропор со дебелина од 10 сантиметри), промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на покривот на СУГС „Јосип Броз Тито“, како мерки за енергетска ефикасност на објектот.

– Градот Скопје е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот,

– Преку донацијата на Владата на Р.Македонија, во сообраќај се веќе вклучени 100% нови автобуси во Јавното соообраќајно претпријатие со кои ќе се заштеди големо количество гориво и ќе се намали емисијата на штетни гасови за подобрување на квалитетот на воздухот во градот,

– Се работи на проект за реконструкција на семафорите и илуминација на фасадите во центарот на Градот со лед светилки,

– Преку многубројни проекти се развива свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства, а се организираат и различни манифестации во овој контекст,

– Проширување на постојните велосипедски патеки и изградба на нови,

– Проширување на старите сообраќајници во нови современи булевари, изградба на нови современи сообраќајници и изготвување проекти за нови сообраќајници со кружни токови на раскрсниците, се со цел за континуирано движење на возилата, а со тоа нивно економично трошење на горивото и помала емисија на издувните гасови.

Околу тврдењето на СДСМ дека Градот Скопје и Градоначалникот Трајановски го запоставиле процесот на гасификација, сакаме да посочиме дека тоа е лага и дезинформација и дека со законските промени оваа надлежност беше префрлена во надлежност на централната власт.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски