Реакција на Град Скопје на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за автобусите

Од:

Град Скопје реагира на наводите изнесени во денешната прес-конференција на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ, во однос на новите пробни автобуси во Скопје и ги отфрла наводите за можна корупција.

„Градот Скопје интензивно работи на креирање јавен транспорт којшто е функционален, економичен и еколошки. Очигледна е лошата состојба во која се наоѓаат автобусите во јавниот превоз во моментов во Скопје и потребни се итни решенија за негово подобрување, а автобусите земени на тест-период се добар начин да се премости периодот до идната набавка на нови автобуси и да се донесе подобра одлука базирана на статистиките од користењето и задоволството на корисниците.

Изминатиов период Градот Скопје доби два тест автобуси на ЦНГ гас од два различни производители кои што веднаш беа вклучени во јавниот превоз, а наскоро се очекуваат и нови слични проекти со други производители на еколошки автобуси меѓу кои и на еден електричен. Овие автобуси ќе бидат отстапени на Градот бесплатно, а првичните бројки покажуваат дека трошоците за гориво се речиси преполовени.

Собраните податоци во овој период ќе помогнат во носењето на одлуки засновани на релевантни информации за какви автобуси ни требаат во Скопје. Оваа градска администрација нема да купува автобуси по принципот “миле, ми текна” како при минатата набавка на кинески автобуси каде првиот критериум беше ретро изгледот, а не перформансите на возилата.

Во моментот кога Градот Скопје и ЈСП ќе донесат одлука за да набават нови автобуси, тоа ќе се случи во фер, отворена и транспарентна постапка во согласност со сите постоечки закони“, се вели во реакцијата на Град Скопје на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за автобусите.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот