Реакција на Град Скопје

Од:

„Во врска со смената од раководната позиција на командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски и паушалните информации што се појавија во јавноста, Градот Скопје сака да ги појасни причините за неговата смена од раководната позиција во ППБ.

Имено, во јавноста се пренесе информација како господинот Менковски да е избркан од Противпожарната бригада на Град Скопје, што не е точно. Менковски има уште 1 година и неколку месеци до пензионирањето и со него е разговарано на оваа тема.

Градот Скопје му благодари на Благоја Менковски за пожртвуваната работа и за сите негови ангажмани и успеси во извршувањето на неговата хумана должност – заштита на граѓаните на Скопје и на нивните имоти од пожар. Градот Скопје сака да нагласи дека Менковски ќе остане во Противпожарната бригада на Град Скопје на местото заменик-командир на ППБ, до неговото пензионирање и заедно со новиот командир ќе работи на заштита на граѓаните и нивните имоти од пожар, како и досега, и ќе ги пренесува стекнатите искуства на помладите колеги.

Град Скопје сака да ја информира јавноста дека новоназначениот командир на Противпожарната бригада на Град Скопје е Ѕвонко Томевски, вработен во противпожарната бригада од 1994 година, односно 22 години работи во ППБ. Томевски е магистер од областа на безбедноста и е еден од најдобрите пожарникари во противпожарната бригада. Томевски на јавноста и стана познат во 2007 година, кога по неколкудневен престој во збратимениот град Нирнберг, Германија, доби сертификат од Градот Нирнберг за храброст и стана почесен член на нирнбершката противпожарна бригада откако заедно со уште еден колега спречија експлозија во автолакерска работилница во Нирнберг“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски