Реакција на Енес Ибрахим за намалување на квотите за студии на турски јазик

Од:

Партијата за движење на Турците во Македонија реагира на одлуката да се намали бројот на студенти кои студиите ги следат на турски наставен јазик.

Пратеникот од оваа партија Енес Ибрахим денеска на прес-конференција во Собрането на РМ рече дека е алармантно што годинава, како што рече, се забележува сериозно намалување на квотите за студентите кои ќе се запишат на катедрите  со настава на турски јазик на Филолошкиот и на Педагошкиот факултет на  универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

– Веќе со години нема никаква стратегија и желба за надминување на постоечките проблеми кога станува збор за наставата на турски јазик, така што уставното право на образование на мајчин јазик останува само на хартија и во повеќе места поради непостоење турски училишта нема настава на турски јазик или, пак, се одвива од страна на кадри кои не го знаат турскиот јазик. Само во една година власта донесе одлука за отворање нови два универзитета и, нормално, и во двата ќе нема настава на турски јазик, рече Ибрахим и праша дали власта е против создавањето нов образовен кадар на турски јазик.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска