Директорката на ЈЗУ У ГАК Викторија Јовановска денеска преку пишано соопштение регаира на, како што наведува, клеветите и невистините изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ. Нагласува дека таа, која за директор е назначена пред точно две недели со претходно професионално искуство од 20 години работен стаж на ЈЗУ У ГАК, специјалист гинеколог акушер кој во ниеден момент не ја загрозила работата на установата ниту пак животот и здравјето на ниту еден пациент.
– Стотиците породени и оперирани пациентки говорат за мојата стручност и квалификации потврдени со исходите на самите пациенти а не моето познанство со сопругата на Премиерот. Моето назначување е резултат на минат труд, одговорен пристап и визија за унапредување, истакнува д-р Јовановска.
Посочува дека во моментот на назначувањето за директор Клиниката била во лоша состојба.
– Интензивната нега на новороденчињата за која претходното раководство знаело дека располага само со 22 инкубатори, а бројот на недоносени речиси секогаш бил двојно повеќе, но ништо не превземало за релаксирање на оваа состојба и обезбедување на повеќе инкубатори иако фактот за најмногу починати новороденчиња иако владата на ДПМНЕ водеше кампања за многудетни семејства а ја остави клиниката без персонал и опрема, наведува д-р Јовановска.
Нагласува и дека има дефицит на педијатри кои дежураат секоја втора вечер и прават натчовечки напори да спасат човечки животи, родилна сала, дневна болница за киретажи, амбуланта за итни случаи кои работат без вентилација за довод на свеж кислород, лаборатории кои се сместени во субстандардни подрумски услови. Посочува и дека не се водело грижа за персоналот па така за речиси една година од клиниката си заминале три специјалисти анестезиолози кои се дефицитарни во државата односно нема ниту еден кој би можеле да го вработиме, пет специјалисти гинеколози, како и предвремено пензиониран еминентен професор што значи девет еминентни доктори.
– Обезбедувањето од страна на СГС во сопственост на Сашо Мијалков кој клиниката го плаќала 4,7 милиони денари, кабинет во износ од 20.000 евра пари за кои можело да се купи опрема, загубени пациенти од регионот кои во минатото се лекуваа на нашата клиника а доаѓаа од соседно Косово, Јужна Србија, Бугарија. Кров на клиниката кој постојано прокиснува и лифтови за транспорт на пациенти кои 70% од времето не работат, злоупотреба на службени возила со кои располага клиниката, чест недостаток на потребни материјали, но затоа биле набавувани скапи Lenovo лаптоп компјутери, превземање на гинеколози од градови каде се дефицитарни гинеколози и многу други недоследности, пишува директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство.
За, како што наведува, обвинувањата и шпекулациите изнесени од ДПМНЕ во врска со починатите новороденчиња напоменува дека станува збор за прва бременoст на пациентката со IVF оплодување и степен на ризик поради гестациски дијабет (третиран со инсулин) и преегзистенцијална хипертензија со аплициран Cerclage (подврзување на грлото на матката). Пациентката претходно трипати била хоспитализирана во Клиничка болница во Тетово поради гинеколошко крварење
Во меѓувреме пристигнат е и резултатот од хемокултурата замена веднаш по раѓањето на првороденото новориденче и истата потврдува тешка вродена инфекција. За останатите причини дополнително ќе бидат информирани родителите, вели Јовановска.
Истакнува и дека во рок од две недели невозможно е да се искорегираат сите недоследности за кои ВМРО ДПМНЕ имало прилика да се погрижи цели 11 години, но не го сториле.
Таа во реакција се заблагодарува на целиот персонал на Клиниката за гинекологија и акушерство кој несебично се труди да им помогне на сите пациенти кои се обраќааат на клиниката.