Реакција на Бирото за лекови по најавите за повлекување на Fervex

Од:

Бирото за лекови во тек на денешниот ден писмено беше информирано од компанијата Фармасвис ДООЕЛ, која е застапник на производителот Bristol-Myers Squibb Франција дека согласно Законот за лекови и медицински помагала, од нивна страна е одлучено доброволно и превентивно да ги повлече сите серии од производот Fervex за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во ќесички), додека Fervex sugar free (гранули за перорална употреба без шеќер) не се засегнати, односно тие гранули не се повлекуваат од производителот и ги има во продажба во аптеките.

Повлекувањето е како превентивна мерка додека трае испитувањето на сите лотови на производот FERVEX®ADULT RASPBERRY, кој не е регистриран во Македонија и никогаш не бил присутен на македонскиот пазар, ниту на пазарот во соседните земји. Овој производ е со слична формулација на гранулите Fervex во ќесички за возрасни кои се присутни и се продаваат на нашиот пазар.

Од компанијата посочуват дека се преземени сите потребни превентивни мерки и залихата од сите серии од овој производ е повлечена од дистрибутерите на големо, а истото продолжува да се врши и од аптеките во најкраток можен рок.

Превентивно и доброволно повлечените производи се складирани во магацин се до добивање на натамошни инструкции на производителот Bristol-Myers Squibb oд Франција.

Би можело да ве интересира

Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври

Левица: Драчевчани оставени без медицинска помош

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила

(ВИДЕО) Шахпаска: Здравствениот систем во Македонија е целосно урнат

Емир Латифовиќ

За една година 53 интервенции на Државната кардиохирургија

Емир Латифовиќ

ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ одбележа 55 години од постоењето

Емир Латифовиќ