Реакции во француски медиуми за распуштањето на Парламентот и предвремените избори

Од:

Како голем тест за проевропската политика на поранешниот премиер Зоран Заев ги оценуваат француските медиуми предвремените парламентарни избори во земјава, закажани за 12 април.

Повеќе интернет портали, како тој на парискиот „Фигаро“ или „Бурсорама“, објавија дека вчера се распушти Парламентот во земјава и оти се закажани предвремените избори на 12 април, осум месеци пред истекот на тековниот мандат, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во извештајот преземен од Ројтерс на француски јазик се нагласува дека за распуштањето на Парламентот гласаа 108 пратеници од 120, по оставката на Зоран Заев, што се случи минатиот месец, по неможноста на Европската унија да се согласи за датум за отворање на преговорите за членство за оваа балканска земја.

Владата на Зоран Заев е заменета со привремена влада предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, чиј мандат е да обезбеди изборите да се одржат на транспарентен и фер начин, потсетуваат медумите во Франција.

„Фигаро“ и „Бурсорама“ притоа потсетуваат дека во октомври во Брисел, лидерите на земјите од Европската унија не постигнаа договор за прашањето за проширување за Албанија и Северна Македонија, кандидати, соодветно од 2014 и 2005 година.

-Северна Македонија сепак, очекуваше да започне преговори со оглед на договорот со кој се стави крај на нејзината дипломатска кавга скоро 30 години со Грција, се наведува во медиумите.

„Куриер де Балкан“ од своја страна се задржува на правосудната реформа во Македонија, односно усвојувањето на законот за Јавното обвинителство, со кој на Западот му се докажа дека се прават обиди за зајакнување на правната држава.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители