А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реагираат и обвинителите: Земаме најмали палти во регионот, предвидениот буџет е за сите трошоци на сите обвинителства

by А1он23/09/2025 - 15:04263
Share0

Новиот предлог-закон за јавното обвинителство предвидува вкупниот буџет на институцијата да изнесува 0,5% од државниот буџет, а не од бруто домашниот производ. Тие средства се наменети не само за платите на јавните обвинители, туку за целокупните трошоци на јавните обвинителства во државава, велт во реакција од Здружението на јавни обвинители откако премиерот Христијан Мицкоски и денеска решеч дека обвинителите и судиите не ги заслужуваат платите што го земаат и дека реформите во правосудниот систем не може да се направат затоа што како што вели требало да биде зголемен буџетот за платите на судиите и обвинителите.

Добивај вести на вибер

– Во таа сума влегуваат и платите на јавнообвинителската администрација, и трошоците за вештачења, и трошоците за сите дејствија преземени во истражните постапки, и трошоците за одржување на системите кои се неопходни за функционирање на Јавното обвинителство.
Од 2020 година, кога за првпат во Законот беше предвидено да се издвојуваат 0,4% од државниот буџет за Јавното обвинителство, до денеска обвинителството секоја година добива едвај околу половина од овие средства поради што веќе е соочено со сериозен предизвик да ги покрие основните трошоци за работата на Јавното обвинителство.

Во реакцијата обвинителите нагласуваат дкеа споредено со сите земји во регионот, а и пошироко, и по процентуален удел и по вкупен износ на средства, земјава се наоѓа на дното во однос на буџетските издвојувања за оваа намена.

– Јавните обвинители и јавнообвинителските службеници имаат најниски плати во споредба со сите останати земји во регионот. Бројот на јавни обвинители и на јавнообвинителска служба е далеку под европскиот просек, а сепак обвинителствата успеваат да го совладаат приливот на предмети и да решат по 20-тина илјади предмети годишно. Токму овие факти ги препознава и Европската унија и од тие причини финансиската самостојност и обезбедувањето ресурси за обвинителството се меѓу клучните реформи кои се бараат од нашата земја, се вели во соопштението.

Претходно, реакција имаше и од Здружението на судии.

hristijan mickoskipravosudstvozdruzenie na obviniteli

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 11:46

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он14/02/2026 - 20:09

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он14/02/2026 - 12:00

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но без билатерални условувања

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 18:40

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он10/02/2026 - 16:5010/02/2026 - 17:03

Потребни се законски измени за правосудниот испит да може да се полага на албански, вели премиерот

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 13:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен