Одредени државни, политички и верски структури вршеа притисок врз муфтиството на ИВЗ во Струга, не можејќи повеќе да ја трпат нашата работа и активности обвини денеска разрешениот струшки муфтија Ферат Полиси.
Раководството на ИВЗ во Скопје, на вонредна седница вчера по 12 години на чело на струшкото муфтиство, го разреши Полиси, после рушењето на дел од пет века старата Мустафа Челеби џамија во Струга.
Тој кажа дека имал намера да направи голем верски објект за повеќе од 1000 верници. Полиси уште обвини дека зад сето ова се крие длабока политика, бидејки надлежните институции џамијата под заштита ја ставиле пред само два месеци.
„И држави и политички органи. Нашето влијание беше толку големо, што муфтиството стана како еден вид да не кажам еден вид политика туку нешто околу што се собираа многу луѓе. Ние бевме како едно движење. И тоа на некому му пречеше. Јас морам да работам кои се на власт. Морам да работам со тие кои даваат дозволи. Јас до вчера бев со ДПА тие беа на власт, денес е Рамиз Мерко со него ние работиме“, рече Ферат Полиси.
Полиси вели дека ја прифатил одлуката на ИВЗ, но призна дека односите со раководството му биле нарушени во последно време.
„Имав предупредувања од самиот поглавар да не брзам со рушење на додавниот дел. Знаев што ќе се случи, збогум на голема џамија и центар за клањање. Недоразбирањата настанаа во последните 4 дена. Зошто да рушам предвреме? Бев предупредуван, но го направив моето. Тој знаеше дека јас нема да останам мирен. Знаеше и за протестите и за џамијата во Горна Белица. Јас не сум човек кој сака да прави немири, туку човек за толеранција“, рече Полиси.
Полиси не чуствува никаква одговорност за рушењето на џамијата и тврди дека ги поседувал сите потребни документи. Тој ги негира информациите дека одредени џамии во Струга и струшко важат за упоришта на вахабисти и радикален ислам
„Во Струга нема вахабисти, нема радикалисти, екстремисти. Во Струга има само добри верници.Во мојата 12 годишна работа не сум се соочувал со такви проблеми. Еве џамијата јас ја рушев, а не вахабистите, бидејки нема вахабисти“, рече Полиси.
За нов муфтија со одлука на ИВЗ, во Струга е назначен Салим Сулејмани. Се обрати само на албански јазик, при тоа не кажувајки што планира понатаму со џамијата.
Мики Трајковски