Разрешена судијката Лидија Неделкова

Од:

Судскиот совет донесе одлука да ја разреши поранешната претседателка и актуелна судијка во Врховнот суд, Лидија Неделкова, од судиската функција. Одлуката била донесена едноглсно од сите членови на Советот.

Пред седницата, Неделкова кажа дека има политички мотиви во нејзиното разрешување. Таа посочи дека побарала да се одложи седницата на која се одлучуваше за неа.

„Секако дека има, јас тоа го напишав во кривичната пријава. И уште нешто, за кривичната пријава, не сум ја добила одлуката, иако јавно се објави на 8 февруари дека е отфрлена. На тоа отфлрање имам право на жалба од 8 работни дена до вишиот јавен обвинител да поднесам. Таа постапка не е правосилна. Сабајле поднесов три барања да се одложи седницата поради сите овие причини кои ги наведов, поднесов да присуствувам и јас со мојот бранител затоа што имам такво право и поднесов да дојде претставник на Здружението на судии“, рече Неделкова пред седницата за нејзино разрешување.

Иницијативата за разрешување на Неделкова дојде од разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој, за неговата колешка поднесе две барања за разрешување до Судскиот совет.

Првото е за тоа дека Неделкова како претседателка на одделот за казниви дела во Врховниот суд на 25 март 2016 година изготивла писмо со невистината содржина адресирано до Кривичниот суд, во кое е наведено дека одделот го разгледал барањето и укажал дека СЈО мора соодветно да се легитимира за својата надлежност, иако одделот не одлучувал за тоа барање. Истото писмо потоа повторно било заведено со друг датум и доставено до судот.

Експретседателот на Врховниот суд, поднесе кривична пријава против Неделкова до Скопското обвинителство, но таа беше отфрлена.

Вангеловски во времето кога беше претседател на Врховниот суд, ја иззема Неделкова да суди предмети на СЈО со образложение дека нејзиниот син Давид, работи во СЈО и ја прераспореди од кривичниот оддел во одделот за судска пракса.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО