Судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ од судиската функција. 11 членови на Судскиот совет се изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а 2 биле „против“.
Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која својата кариера ја почнала на 28 години. Таа беше истражувана и од некогашното Специјално јавно обвинителство, бидејќи поседуваше телефонски разговори и СМС-комуникација помеѓу разрешената судијка и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Поради ова, таа беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.
„Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд. Донесена е одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, велат од Судскиот совет.
Во прислушуваниот разговор помеѓу разрешената Лаличиќ и Сашо Мијалков, кој е јавно објавен, се слуша како ексдиректорот на УБК ѝ завршил работа на неа, а потоа зборуваат за избирање на други судии и купување подароци од „Сваровски“.