Разрешен ректорот на Универзитетот за информатички технологии „Св. апостол Павле“

Од:

Сенатот на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид вчера на вонредна седница го разреши од должност ректорот Нинослав Марина.

Разрешен е и проректорот на Универзитетот за наука Тони Стојаноски. За Претседавач на Сенатот е избран професорот Рубин Земон, додека за привремен управител на Ректорската управа е избран Самоил Малчески.

Одлуката Сенатот ја образложува со нерегуларности при назначувањето на Марина за ректорската функција, но и неисполнувањето на условите за негово назначување на функцијата. Покрај тоа, Сенатот му забележува на Марина дека нередовно доаѓал на работното место, не ги извршувал предвидените работни обврски, а истовремено му се препишува и нередовноста во исплатата на законски предвидените стипандии за странските студенти на факултетот, како и за професорите од странство.

Како што се наведува во соопштението од вчерашната седница на Сенатот, при расправа по предлогот за разрешување на ректорот и увидот во документите и досието на Нинослав Марина биле утврдени прекршувања на Законот за високо образование.

– Исто така, при изборот на Марина за ректор на Универзитет на 31.07.2012 година е утврдено дека бил со наставно-научно звање насловен доцент со што ги довел во заблуда членовите на тогашниот Сенат, преку давање изјава дека прифаќа да биде ректор, иако не ги исполнувал законските и статутарните одредби за таа позиција, т.е немал наставно-научно звање редовен професор, стои во соопштението од Универзитетот „Свети Апостол Павле“.

– Врз основа на Статутот, ректор на универзитет во цел свет може да биде само лице со звање редовен професор, тука не може да има прескокнувања. Проблемот е што Марина во Штип е промовиран од титула насловена доцент за редовен професор на 1 август 2012, односно откако тој веќе е назначен за ректор, што е спротивно на законот, изјави претседавачот на Сенатот Рубин Земон.

Земон посочи и редица други неправиности во работата на образовната институција, како што е давање надлежности и овластувања на лица вработени со договор на дело за работни задачи за кои според законот одговорни се лица кои се во редовен работен однос.

Професорот од Израел Илан Садех и член на Сенатот на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, од своја страна ја нагласи независноста на универзитетите во носењето одлуки и раководењето со институцијата, како и практиката на одвоеност на работата на академските органи од политиката, независно што се работи за државен универзитет.

– Универзитетите мора да се целосно одвоени од политиката, власта. Раководството универзитетот мора да го избира самостојно. Оттаму апелирам до надлежните институции да ни дозволат да раководиме со Универзитетот на најдобар можен начин, на чисто академски начин без мешање на политиката, рече Садех, притоа повикувајќи ги надлежните институции, министерот за образование и премиерот, да ја почитуваат одлуката на Сенатот.

Инаку, за работењето на сега веќе разрешената управа на Универзитетот во изминатиот период и за утврдување на фактичката состојба во три наврати било побарано од надлежните инстанци да спроведат ревизија и контрола, што не било направено.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов