Разрешен Ректорот на Охридскиот Универзитет за информатика поради серија незаконитости

Од:

Нинослав Марина досегашен ректор на Државниот универзитет по информатички технологии Свети Апостол Павле во Охрид, утрово е разрешен од оваа функција на која се наоѓаше од септември, 2012 година.Од универзитет велат дека одлуката била донесена после скандалот со незаконскиот избор на Марина за редовен професор и после незаконскиот избор за ректор на Универзитет по информатички технолгии Свети Апостол Петар во Охрид

При расправа по предлогот за разрешување на ректоратот на седницата на Сенатот одржана на 12.03.2013 и увидот во документите и досието на Нинослав Марина се утврдија прекршувања на Законот за високо образование. Исто така при изборот на Марина за ректор на Универзитет на 31.07.2012 година е утврдено дека бил со наставно научно звање насловен доцент со што ги довел во заблуда членовите на тогашниот Сенат, преку давање на изјава дека прифаќа да биде ректор, иако не ги исполнувал законските и статутарните одредби за таа позиција, односно немал наставно научно звање редовен професор“, велат од Универизтет Свети Апостол Павле.

Од Сенатот на Универзитетот информираат дека во неговото досие кое го доставил до универзитетот не можело да се најде нострификација на неговата диплома за титула доктор на науки.

„По завршувањето на изборниот период во Република Македонија, ќе се распише оглас за нов ректор на Универзитетот, з изборот ќе се избврши најдоцна за 90 дена“ велат од Сенатот.

Разрешен е Проректорот на Универзитетот за наука Тони Стојаноски. За Претседавач на сенатот е избран професорот Рубин Земон, додека за привремен управител на Ректорската управа е избран Самоил Малчески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска