• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Разрешен директорот на затворот „Идризово“ и именуван нов кадар од Алтернатива

by Кристијан Ландов28/06/2022 - 16:0128/06/2022 - 19:442824
Share0

Владата го разреши директорот на затворот „Идризово“, Реџеп Реџепи, дознава „А1он“. На негово место е назначен друг кадар на Алтернатива, партија која раководи со овој ресор. Разрешувањето на Реџепи доаѓа по рацијата која беше извршена со судска наредба во затворот, а каде беа пронајдени дрога, ножеви и телефони.

Добивај вести на вибер

Од Владата за „А1он“ ја потврдуваат оваа информација. Одлуката е донесена на денешната попладневна седница.

На местото од Реџепи, доаѓа Шпенд Тахири. Засега нема повеќе информации за неговото образование и неговата стручност да раководи со оваа казнено поправна институција.

Претходно, министерот за правда, Никола Тупанчески по рацијата во затворот кажа дека никој нема да биде поштеден од одговорност за пронајдените предмети.

„Би требало да има градација на одговорност затоа што тука не се работи за дисциплинска одговорност. Постапката за именување и разрешување на директор на КПУ е утврдена со закон. Таму е јасно наведено дека доколку некој не ги исполнува условите тогаш не може да зборуваме за професионализација на затворскиот менаџмент“, рече Тупанчески на средина од јуни.

Точните причини и дали кај разрешениот Реџепи е утврдена одговорност – засега е непознато.

kpd idrizovo

Би можело да ве интересира

Продолжува кризната состојба за К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски17/07/2025 - 12:49

Уапсен затворски полицаец, внесувал дрога во „Идризово“

Катерина Ѓуровски16/07/2025 - 11:18

Во Идризово почина затвореник од Кичевско

А1он28/10/2024 - 16:27

Запален автомобилот на директорот на затворот Идризово

Катерина Ѓуровски15/05/2024 - 09:10

Специјалци влегоа во Идризово, најдена голема количина недозволени предмети

Катерина Ѓуровски11/04/2024 - 12:53

Се истепале затвореници во Идризово, повредени двајца полицајци

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:3930/12/2023 - 16:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен