Разликата меѓу Пендаровски и Сиљановска-Давкова се искачи на 58.499 гласа

Од:

Разликата помеѓу двајцата претседателски кандидати се искачи на 58.499 гласови повеќе за Пендаровски. Државната изборна комисија утрово ги ажурираше податоците за изборниот резултат по обработени 100 отсто од избирачките места.

За Стево Пендаровски, кандидатот поддржан СДСМ и коалицијата гласале 436.212 избирачи односно 51,66 отсто од оние кои излегле на гласање.

Кандидатката поддржана од ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова добила 44,73 отсто од гласовите, односно за неа во вториот круг гласале 377.713 избирачи.

Разликата меѓу овие двајца кандидати во првиот круг беше 4240 гласа повеќе за Пендаровски.

Двајцата кандидати во вториот круг добиле повеќе гласови отколку во првиот. Пендаровски има113.631 глас повеќе, а Сиљановска-Давкова добила 59.372 гласа повеќе.

Во вториот круг од претседателските избори е намален бројот на неважечки ливчиња. Од 4,34 отсто или 32.696 во првиот круг, бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е намален на 30.442 или 3.61 отсто од излезените гласачи.

Во вториот круг гласањето имаше и поголем одѕив. На гласање излегле 90.845 гласачи повеќе отколку во првиот круг. Од 41.67 отсто од запишаните гласачи или 753.520 во првиот круг, бројот на гласачи излезени во вториот круг се искачи на 844.365 гласачи кои излегле на избори, или 46.70 отсто од вкупниот број запишани граѓани со право на глас.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“