Разединетите полициски синдикати протестираа одвоено, упатија исти барања

Од:

Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест на кој му се приклучија и други синдикални организации од (КСОМ). На протестот, кој го нарекоа „предгенерална проба“ како најава за влегување во еден вид работнички национален штрајк, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. Оттаму се спротивставија на, како што неофицијално дознале, веќе потпишаниот Колективен договор меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат.

По завршување на протестот на НСП, со исти барања, но одделно се јавија и од Синдикатот на полицијата, кој е член на Конфедерацијата на слободни синдикати, а беше дел од НСП.

Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев реагираше на претставувањето на МПЦ како единствен репрезентативен синдикат.

– Не може НСП да излегува пет години за шумската полиција, за затворската полиција, за судската полиција, да ги реши прашањата за сите. Не може вработените во полицијата, излегувајќи и давајќи поддршка за овие три синдикални структури, да ги реши прашањата, а МПС да се претставува за единствен репрезентативен синдикат. Е, тоа нема да може. Кажувам многу пати, меѓутоа од денеска па натаму не може на некој да му е замрзната функцијата генерален секретар во тој синдикат, не знам по кој член од кој било закон, работното место да си го покачи за едно ниво повеќе, изјави претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поднесена кривична пријава против командир на полициска станица Крушево

Синдикат на полицијата: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, бараме зголемување за 15 отсто

Горан Наумовски

Независниот полициски синдикат го почна караванот протести за подобра заштита и за повисоки плати

Синдикатот на полицијата остро реагира до МВР за кривичните пријави кон двајца полицајци

Независниот синдикат на полицијата бара од идниот премиер да ги вметне нивните барања во владината програма

Синдикатот на Полиција во Македонија бара поголеми плати за полициските службеници

Ана Ололовска