„Разбуди се“ ќе го тужи ЈСП зашто не вози и на албански јазик

Од:

Тужби од граѓанското движење Рaзбуди се до сите институции и нивните правни субјекти кои што не го почитуваат законот за употреба на албанскиот јазик и не користат двојазичност.

Прво ќе биде претпријатие ЈСП Скопје бидејќи не го употребува албанскиот јазик иако е обврзано да го прави тоа.

Граѓанското Движење Разбуди се информира дека во соработка со медиумите и граѓаните, ќе ги детектира сите институции и нивни водачи кои што одбиваат да го употребат албанскиот јазик и покрај фактот што се законски обврзани и ќе подготви тужби против сите тие за да ја осигураме реализацијата на законот, рекоа од здружението.

Законот и уставот предвидуваат санкции за институциите и нивните први луѓе доколку не ги исполнуваат законските одредби и затоа очекуваат Обвинителството да преземе мерки.

Меѓуетничките односи се столб на ова општество и Охридскиот договор стана дел од Уставот, но примерите на одбивност да се прифати новата реалност во Македонија, укажуваат дека сè уште има индивидуи со нереформиран ум. За среќа, Законот предвидува и санкции во случај истиот да не се почитува од институциите или функционерите, рекоа од Разбуди се.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ