Разбојник зел 4.000 денари, па му вратил 1.000 денари на ограбениот

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело разбојништво.

– Осомничениот 32-годишен скопјанец, пред три дена маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари. Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни. Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

Измамничка олеснила скопјанец за 11.000 денари ветувајќи му работа во странство

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ