Разбиен штаб на СДСМ во Куманово

Од:

Во кумановската населба Гоце Делчев, синоќа беше разбиена помошната просторија на штабот на СДСМ, при што биле украдени пакет пијалоци и едно партиско знаме.

-Како шеф на Општинскиот изборен штаб сакам најостро да го осудам овој настан и да реагирам затоа што тоа не придонесува за фер и демократска борба во изборна кампања. Мислам дека она што се случува денеска, покажува дека не се искрени кандидатите за градоначалници кога потпишуваат декларација за фер и демократски избори – изјави шефот на Општинскиот изборен штаб, Оливер Спасовски.

Тој нагласи доколку станува збор за политички причини, припадниците на МВР да преземат мерки за да ги откријат сторителите.

-Доколку се тоа нашите политички опоненти, припадници на штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии им порачувам дека со овој начин апсолутно нема да не заплашат и да не примораат да се повлечеме од изборната кампања –изјави Спасовски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?