Ние како одбрана не очекувавме корекни казни, но не очекувавме ни вакви драконски казни. Обвинителството се уште не е реформирано. Со најавената меѓународна истрага ќе докажеме дека овие луѓе се донесени овде за туѓи интереси, изјави адвокатот на обвинетите во случајот „Дива населба“, Насер Рауфи.
-Сите бранители ќе поднесеме жалба на пресудите за обвинетите. Има информации за докази со кои ќе се докаже дека ова е монтирано рочиште. Со меѓународна истрага ќе се реши овој случај. Тајните служби се оние кои го измонтираа овој случај, вели Рауфи.