Расветлен случајот со киднапирањето на македонскиот државјанин во Тирана

Од:

Сведочењето на 23-годишнот Македонец, киднапиран во Тирана од три лица, кои под закана со оружје барале 250.000 евра, го пренесува албанската агенција Балкан веб.

-Давор В. во полиција изјавил дека бил присилен од Сокол М.(42) и Алберт Џ.(41) и двајцата жители на Тирана, да влезе во автомобилот попладнето на 6 декември. Во главата му впериле пиштол барајќи 250.000 евра, а потоа насилно го втурнале во возилото, пренесува агенцијата.

Полициски извори потврдиле дека добиле дојава дека вооружени лица кружеле со возилото БМВ и присилно внеле маж во возилото.

Веднаш биле ангажирани припадниците на специјалната полициска едница „Шќипоња“. На предупредвањето да го запре возилото, возачот ја зголемил брзната, но подоцна било пресретнато во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана.

Приведените ги отфрлиле обвиненијата дека не станува збор за киднапирање, туку дека извршиле притисок врз македоскиот државјанин да им врати долг.

– Но, целото сценарио на киднапирањето е расветлено од страна на полицијата кога Давор В. го спомнал Суби Е.(50) од Струга кој играл улога на посредник меѓу двајцата киднапери и семејството на Давор за добивање на парите,наведува агенцијата Балкан веб.

На двајцата албански државјани веќе им е одредена мерка притвор, додека стружанецот ќе се брани од слобода под обвинение „непријавување на кривично дело“.

Би можело да ве интересира

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Фрлена бомба врз угостителски објект кај Тетово, двајца повредени

Охриѓанец голтнал дрога додека бегал од полиција и починал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот