Расте интересот за градежно земјиште во Гевгелија

Од:

Интересот за купување плац во најновата станбена градежна зона во Гевгелија, во населбата „Караорман“, и цената на продажба од едно евро за метар квадратен во овој дел од градот, предизвика интервенции во општинската програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2013 година.

Поради зголемениот број барања за изградба на станбени објекти во Урбаната единица „Караорман“, се јави потреба за зголемување на бројот на планираните локации во Програмата, така што Советот на Општина Гевгелија изврши дополнување на програмата за градежните парцели предвидени во Урбаниот блок 9.

Според дополнувањето предвидени се уште три нови локации наменети за семејно домување, со висински венец од осум метри, кој содржи сутерен, приземје и кат, исто така предвидени во Деталниот урбанистички план за овој дел од градот. Во проценката на финансиските приливи врз основа на реализација на програмата, заедно со дополнувањата, предвидено е да бидат реализирани приходи во вкупен износ од 117.582.097 денари.

Ако се земат предвид првите услови за електронско лицитирање одржано во декември 2011 година и постигнатата цена од 1.300 денари за метар квадратен од градежниот плац кај „Караорман“, прашање е зошто општината се брза да го распродаде државното земјиште по багателна цена од едно евро за квадрат, притоа осудувајќи го локалниот буџет за над дваесеткратно помали финансиски остварувања.

Само минатата година Општината продала 11 плаца за индивидуално домување и еден плац за голема трговска единица. Симптоматично е што од дополнитено поднесените 17 барања за откуп на државно земјиште, девет од нив биле решени потврдно без никаква лицитација, без јавно наддавање, туку едноставно се отуѓени по пат на непосредна спогодба.

Гевгелиската јавност прашува: Како е можно државата да ја направи Општината стопанственик на јавниот имот, а Општината да го раскусурува за ситни пари капиталното земјишно богатство што им припаѓа на сите?

А.Д.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија