Расправата за екстерното тестирање продолжува утре

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево ја прекина расправата по предлог-измените на Законот за основно образование, поднесени од страна на опозицијата.

Расправата, како што најави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, продолжува утре.

Во текот на денешната расправа, пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ изнесоа спротиставени ставови во однос на екстерното тестирање. Едните побараа укинување на тестирањето со образложение дека со тоа не се подобрува квалитетот на образованието, а другите сметаат дека се работи за добар концепт кој им се овозможува на сите ученици да бидат оценувани со исти критериуми.

– Целта е сите ученици да бидат оценувани по исти критериуми без разлика чии деца се. Сите тие се наши деца и имаат право да бидат оценувани според исти критериуми, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Маријанчо Николов од СДСМ, оценките од екстерното не се одраз на постигнатото во текот на годината.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги