Расправа „Може ли политичката криза да се надмине без граѓанско учество во преговорите и спроведувањето на политичкиот договор?“

Од:

Вечерва во Мобилна галерија, со почеток од 19, 30 часот ќе се одржи критичка расправа „Може ли политичката криза во Македонија да се надмине без граѓанско учество во преговорите и спроведувањето на политичкиот договор?“

Учесници се Сашо Орданоски, Стево Пендаровски, Марјан Забрчанец, Суад Мисини и Мaриглен Демири, а модератор ќе биде Жарко Трајаноски.

Организаторите, Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики и „Есперанца – Светски културен центар“, информираат дека се работи за завршна расправа, која е дел од поширокиот концепт „Поттикнувања култура на критичко мислење, пишување и дебатирање“

„Ова прашање го гледаме како клучно бидејќи во него се стекуваат сите дилеми кои извираат од актуелната политичка криза: дали и кога и какви избори ни се потребни како решение на политичката криза во Република Македонија; кои се алатките со кои ќе се гради новото општество; кои се научените лекции од десетгодишнто владеење на Никола Груевски, но и од претходните етапи од градењето на самостојна Македонија; како ќе го надминеме султанскиот партиски концепт кој досега го игнорираше значењето на граѓаните.

Протестното движење побара да се вклучи во процесот на преговори и на барање излез од кризата. Но јасно се откажа од партиски мандат.

Протестното движење е ресурс и платформа која стои на располагање да го модерира процесот на комуникација во рамки на граѓанскиот сектор, со цел да се овозможи размена на информации меѓу организаторите на преговорите и страните кои се заинтересирани за учество, како и да обезбеди диверзитет и инклузивност…

Дали игнорирањето на оваа иницијатива го турка граѓанското движење кон партизација и колку таквиот процес може да биде погубен за развојот на граѓанскиот концепт во нашето општество? Какви се капацитетите на граѓанското општество да понуди нов модел на општетвен развој и кој ќе ги отстрани аномалиите на системот граден по осамостојувањето?

Во Македонија сведочиме на целосно отсуство на стратешки обмислен социо-културен простор во кој би се промовирало и обликувало критичкото мислење кое е основа за развојот на одржлива политичка култура. Здружение на граѓани „Контрапункт“ – Скопје и Здружение на граѓани „Есперанца – Светски културен центар“, заедно со сите свои соработници имаат цел низ концептт за поттикнување критичка култура, заеднички да креираме простор на концентрирана критичка граѓанска активност која ќе промовира поинаков концепт на политичка култура, граѓанско критичко дебатирање, мислење и пишување кое ќе ги акцентира вредностите на аргументативна артикулација и ќе придонесе кон граѓанската партиципативност и демократизацијата на јавната сфера.

Во социо-културниот контекст каде што се случува целосна девастација на политичката култура и недостиг на дијалог внатре културните формации и различните културни идентитети и практики, нужно e формирањето на јадро кое критички ќе ги преиспитува можностите и границите за формирање на оние формати на комуникациски алатки и вредности кои ќе бидат база за понатамошни дискурзивни, но и оперативни, активистички, социо-културни и политички артикулации на и во јавната сфера.“, се вели во најавата за оваа дебата.

„Поттикнување култура за критичко мислење, пишување и дебатирање“ е партнерски проект на Здружение на граѓани „Контрапункт“ – Скопје и Здружение на граѓани „Есперанца – Светски културен центар“, Скопје, кој се реализира со поддршка од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија и од страна на Советот за глобална соработка.

Би можело да ве интересира

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска

НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Револт кон власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Предраг Петровиќ