Распитот на Мандиќ трае и по работното време на Русковска

Од:

Обвинителката Вилма Русковска и по истекот на работното време остана во зградата на Обвинителството за организиран криминал каде исказ дава заменичката на Бојан Јовановски во Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ. Распитот трае веќе пет часа, а започна во 11 часот. Заедно со Мандиќ, присутен на распитот е нејзиниот бранител Душко Јанковиќ.

Мандиќ во Обвинителството беше донесена од затворската полиција, бидејќи на неа и е одредена мерка куќен притвор поради опаснст од бегство, уништување на докази и други основи.

Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во износ од засега неутврдени милион евра, кои Јовановски ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.

Освен заменик-претседателката Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов