Распишан конкурсот за доделување на Ноемвриската награда на општина Куманово

Од:

 Општина Куманово го распиша конкурсот за највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“ што се доделува во чест на 11 Ноември, Денот на ослободување на градот. Предлозите за доделување на наградата, со образложение во писмена форма, треба се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 октомври годинава.

– „Ноемвриска награда“, како израз на највисоко општествено признание, информираат од општината, се доделува за посебни постигнувања во одделни области. Според одлуката, наградата се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело, односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

Според правилата на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и призанија, делото односно, постигнувањата треба да бидат достапни на јавноста до 11 октомври годинава, а авторот на делото, пак, треба да е жител на општина Куманово, организацијата или заедницата да функционира во општината, или делото и постигнувањата да се тематски врзани за општината Куманово.

Право на предлагање на кандидати за „Ноемвриска награда“, соопштија од општината, имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци.
Наградите ќе бидат врачени на свечена седница која се организира по повод Денот на ослободување на градот.

Би можело да ве интересира

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово