Распишан конкурс за идеен проект за нова градска болница во Аеродром

Од:

Распишан е конкурс за идеен проект за нова градска болница на подрачјето на општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки.

Учеството на конкурсот е анонимно, а оценувањето ќе го врши жири комисија. Проектите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за здравство најдоцна до 18 јули до 13 часот. Најдобро рангираните учесници ќе бидат наградени.

– Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на т.н. „градски болници“ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар, велат од Министерство за здравство.

Новата градска болница треба да имплементира нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки со цел намалување на просечната должина на болнички престој.

Би можело да ве интересира

Масовна хистерија на Хитроу: 21 лице се разболе на Терминалот 4

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Драма во Милано: Горат аеродромски шалтери, патниците во паника бегаат, насилник со чекан крши монитори

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски