Рашковски со кривични пријави за обвинителките Русковска и Трајчева

Од:

Правниот тим на поранешниот Генерелем секретар на Владата на Македонија, Драги Рашковски денеска извести дека судијата кој одредил мерка притвор за нивниот клиент и за Даниел Станчев бил донесен свесно во заблуда од страна на обвинителките, бидејќи не му доставиле целосни докази, а прикажале и лажни искази.

Во дописот за јавноста тие велат дека „на 15.04.2021 година како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција првопријавената поднела предлог за определување на мерка притвор против Драги Рашковски и Даниел Станчев како и предлог за определување на мерки за претпазливост кон Ивица Димитровски и Игор Христов со генералии како во предлогот.

„Притоа, првопријавената кон судот доставила само дел од материјалите кои како материјален доказ ги има прибрано во предистражната постапка. Дел од нив ги доставила во нецелосен облик како што се прибавени, а поголем дел од нив воопшто и не ги доставила кон таквиот предлог. Првопријавената заедно со второпријавената како нејзина претпоставена, но и како јавен обвинител кој ја водел предистражната постапка и до неа биле доставувани материјалните докази, ги скриле и не ги доставиле до судија на претходна постапка сите прибрани материјални докази.

Материјалните докази кои не биле доставени утврдуваат сосема поинаква фактичка состојба, со што на судијата на претходна постапка му прикажале лажни и нецелосни докази со цел да го доведат во заблуда и од неа да предизвикаат носење на решение како во диспозитивот. Двете пријавени дејствувале координирано и заеднички при што свесно направиле селекција на материјалите, свесно сугерирале допишување во доказниот материјал кои не се утврдени со никаква законска постапка.

Двете пријавени свесно и злонамерно ја искористиле својата службена положба и овластување и таквите селектирани информации ги изнесувале во јавноста со цел да создадат лажна перцепција во јавноста со лажно обвинување за сторено кривично дело. Првопријавената во соработка со второпријавената иако сами ги побарале доставените документации, истите не ги приложиле кон Пописот на списите кој го доставиле до судијата на претходна постапка, а наместо тоа доставиле материјали кои се прибавени со истите барања, но се без никаква важност во одлучувачкиот процес“ се вели во соопштението.

Притоа во дописот се додава дека „со опишаните дејствија, првопријавената сторила повеќе кривични дела и тоа: “Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Поднесување лажни докази” од член 366-а став 2 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ.

– Со опишаните дејствија, второпријавената сторила повеќе кривични дела и тоа: “Противправно лишување од слобода“ од член 140 став 5 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Несовесно работење во службата” од член 353-в став 3 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Поднесување лажни докази” од член 366-а став 2 в.в став 1 од КЗ на РСМ, кривично дело “Спречување на докажување” од член 368 став 1 од КЗ на РСМ – велат од парниот тим на Рашковски.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена