Рашковски призна дека е негов гласот на снимката, оставка нема да поднесе

Од:

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека утре ќе поднесе тужба против Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ, поради неовластено тонско снимање, а дополнително за клевета и навреда најви дека ќе ги тужи и Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Момировски, Љупчо Златев, Љупчо Палевски, Миленко Неделковски, Ирена Радовановиќ, Ваљон Беља и партијата Левица.

Арбитражна постапка, како што кажа Рашковски ќе биде поднесена против порталите „Курир“, „Експрес“, „Инфомакс“ и „Лидер“.

Рашковски на денешната прес-конференција посветена на скандалот со набавката на радарски систем за Македонска навигација (М-НАВ) повеќе од половина час преку презентација и слајдови ги убедуваше новинарите дека опозицијата и дел од медиумите кои ја објавија снимката шират лажни вести. Тој потврди дека гласот на снимката е негов и додаде дека е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.

Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо”, како што посочи Рашковски, го потпишал менаџментот поставен од минатата власт, односно од Живко Поповски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.

На неколку инсистирања од страна на новинарите конкретно да одговори дали ќе поднесе оставка, Рашковски рече дека нема.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена