Рашковски останува во куќен притвор, а има и забрана за комуникација преку телефон или електронски уреди

Од:

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски останува во куќен притвор. Овојпат, мерката му е продолжена од судиите во скопска Апелација. На оваа одлука се поднесени и жалби до Врховниот суд. Претседателката на Апелација, Лидија Димчевска за „А1он“ вели дека Рашковски има и забрана за користење на електронски уреди со цел комуникација со лица надвор од семејството. Притворот му е продолжен на 30 дена, по што, одново ќе се одлучува дали постојат основите за одредување на истата или нова мерка за обезбедување присуство.

Освен Рашковски во куќен притвор, продолжен е и ефективниот притвор за Даниел Станчевски, сопственик на „Инвока груп“, фирмата од која се набавувани спорните софтвери за кои се води истрага. Според Обвинителството, со постапката која ја спровел Драги Рашковски како генерален секретар за набавка на спорниот сообраќаен софтвер, се направила штета од близу 180 илјади евра. Двајцата се сомничат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Мерките им се продолжени по барање на обвинителката Ивана Трајчева која го води случајот, поради сомнежи за опасност од бегство. Кривичниот суд замрзна и имот, заедно со средства на трансакциска сметка која се поврзува со ексгенералниот секретар, Драги Рашковски.

„А1он“ објави дека патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, беше една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомневаше дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. „А1он“ дознава дека иако Рашковски го променил и телефонскиот уред, сепак, Обвинителството преку друг вид на комуникација обезбедило докази преку кои се гледа неговото посочување како да биде креиран тендерот.

 

Сега, Врховниот суд треба да одлучува за мерките на Драги Рашковски, бидејќи е поднесена жалба.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена