Рашковски: Невладините треба да бидат финансирани од Владата, но не и купени со парите

Од:

Да се зголеми државното финансирање на граѓанските организации, да има отворен повик со јасни критериуми и независна комисија што ќе ги оценува проектите, но и да се следи употребата на парите и граѓанските организации да даваат отчет за својата работа и остварените ефекти во општеството.

Тоа беше посочено на денешната конференција „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија Драги Рашковски, на отворањето на конференцијата рече, дека невладините организации треба да бидат финансирани од Владата, но не треба да бидат купени со парите.

– Нашата интенција ќе биде реално да направиме проценка каде средствата дале ефект и колкав е тој ефект во општеството. Финансиите се лимитирани според буџетските можности, меѓутоа било каква друга помош секогаш ќе биде пружена ако е во насока на јакнење на јавниот интерес. Едностано од нас покрај што ќе барате парични средства барајте и друг тип на помош, изјави Рашковски.

Според Александар Кржаловски од МЦМС, Македонија на патот кон ЕУ мора да го реформира системот за финансирање на граѓанските организации, да се зголеми финансирањето од државата и тоа да биде транспарентно и над партиско.

– Финансирањето на граѓанските организации вкупно по сите основи од државниот буџет е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата Сорос. Компаративно со регионот тој фонд треба да стигне до 30 милиони евра, од кои меѓу два и четири милиони да бидат на јавен конкурс за сите да можат да конкурираат. Досега на оглас завршуваа само 250 илјади евра за мали проекти до пет илјади евра рече Кржаловски.

Посочи дека самиот предлог е отворање на дискусијата каков тој модел треба да биде, дали централизиран во една агенција или да биде децентрализиран во секое министерство.

Конференцијата е дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“ спроведен од МЦМС во партнерство со ЦНВОС, финансиран од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

Владата ги осуди неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани ќе ги плати Владата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Владата да го објави Договорот со „Ѓока“, скандалот со паркингот мора да биде расчистен!

Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ