Рашковски бара табла, проектор и студенти во судницата: Тешко да најдете црна мачка во темна просторија

Од:

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, обвинет за незаконски набавки на софтвери, камери и кабини, бара реконструкција на целиот случај. Односно, за тоа дали софтверот работи, дали кабините ги има на самото место, дали се функционални. Според него, обвинителниот акт е паметна будала бидејќи пишува дека давал насоки и извршувал, а не може двете нешта да се прават одеднаш.

„Обвинителката ме инспирира со теориите, па да кажам и јас со теории. Теоријата на случај што Обвинителството ја кажа дека нема потреба за набавка – многу е опасна. Оној што треба да утврди дали нештото е законски или незаконски наспроти тоа постоењето рационално трошење на средствата, е Собранието, кое на крајот ја усвојува завршната сметка. Во завршната сметка, помеѓу другите работи на Генералниот секретаријат, ги имате и овие набавки што се предмет на денешното рочиште. Во таква ситуација ќе ви стане јасно зошто ние бевме држени во притвор – многу е тешко да најдете црна мачка во темна просторија, а уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Ние бевме држени во црнина бидејќи полесно е да се убедат судот и јавноста дека криминалот постои и дека е извршен, а ние заедно со Даниел бевме чувани за да не… А ние ќе докажеме дека црна мачка не постои“, рече Рашковски.

Нему не му е јасно зошто и другите луѓе се обвинети. Тој не може да направи поврзување на сите луѓе: „Не сум барал помош за да извршам кривично дело, ниту сум извршил кривично дело“.

„И така натаму, ќе дојдеме до она што не од аспект дека нѐ загрижува од содржината на доказите, туку од аспект на тоа да види јавноста со каков непрофесионализам е направено собирањето докази. Ќе го земам примерот со Маја Сиљановска за која се вели дека ништо не работела. Тоа значи дека не треба да постои трага од нејзиното работење, еве јавноста нека провери дали 400.000 корисници на ‘купувамдомашно.мк’ се реални“, рече Рашковски правдајќи ги другите.

Рашковски посочи дека ќе има интересно судење и рече: „Се надевам дека ќе успееме да ја докажеме нашата невиност“.

„Барам од судот за секое судење да имаме пристап до телевизор или проектор, да имаме табла за да пишуваме и би сакал од вас една дозвола, бидејќи студентите тоа ќе го бараат, при изведување на доказите да дозволите присуство на студенти на судење бидејќи тоа го предавам и на факултет“, рече Рашковски.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена